• сабота, 23 ноември 2024

Продолжуваат протестите во Мјанмар

Продолжуваат протестите во Мјанмар
Нејпјидо, 5 февруари 2021 (МИА) - Професорите и студентите денеска излегоа на улиците во Мјанмар повикувајќи на граѓанска непослушност, додека протестното движење против преземањето на власата од страна на армијата доби поддршка од партијата на соборената лидерка Аунг Сан Су Чи. - Сакаме воениот пуч да пропадне, изјави професор Нје Тазин Хлаинг од Универзитетот во Јангон. Кампањата за граѓанска непослушност ја почнаа лекарите, а денеска доби формална поддршка од партијата на Аунг, Лига за демократија. Меѓународниот притисок врз Мјанмар се зајакна откако Советот за безбеддност на Обединети нации побара ослободување на притворените, а САД планира воведување санкции кон армиските генерали. Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба, ја презеде власта во државата и потврди дека уапсила високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и Аунг. Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и менува 11 нови министри. ми/

Остани поврзан