• среда, 15 мај 2024

Продолжуваат престрелките долж либанско-израелската граница

Продолжуваат престрелките долж либанско-израелската граница

Бејрут, 19 ноември 2023 (МИА) - Борбите на либанско-израелската граница продолжија и денеска повторно имаше престрелки, јави ДПА.

Либанското шиитско движење Хезболах соопшти дека пукало врз израелски цели во пограничната област, особено известувајќи за „директен удар“ на кибуцот Ханита.

Се наведува дека нападнале и неодредена локација со ракети и артилериски гранати, како и „концентрација на непријателски сили и опрема“.

Израелската војска соопшти дека нападнала неколку „сомнителни воздушни цели“ кои летале од Либан кон Израел.

„Една од нив беше успешно уништена. Имаше и повеќе напади од либанска територија, на што Израел одговори со возвратен оган“, се додава во соопштението. Нема информации за жртви. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан