• понеделник, 23 декември 2024

Продолжи собраниската дебата за владината реконструкција

Продолжи собраниската дебата за владината реконструкција

Скопје, 22 феруари 2023 (МИА) - Со расправа за предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска продолжи 104-тата седница на Собранието посветена на владината реконструкција.

Претходно, во рамки на оваа прва точка од седницата заврши расправата за предлозите за разрешување на министерот за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Според последните најави, за збор по предлогот за разрешување на Чупи се пријавени вкупно 39 пратеници.

На стартот на седницата, закажана за 12.00 часот, беше објавена пауза откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара присуство на премиерот Димитар Ковачевски.

На дневниот ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

Во рамки на оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.

Како последна, четврта точка на 104-та е седница се предлозите за избор на заменици-министри и тоа Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска-Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука.

Седницата почна на 13 февруари, а претходно Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. лв/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан