• понеделник, 23 декември 2024

Продолжи протестот на судската администрација

Продолжи протестот на судската администрација

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Независниот синдикат на судската администрација денеска продолжи со протест за покачување на платите и додатоците на плата. 

Вработените во судската администрација од 9:30 до 10:30 часот ја блокираа крстосницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ и ги повторија своите барања, повисоки плати за 78 отсто на минималната плата во судската служба и 35 проценти додаток на плата за судските службеници.

Велат дека очекуваат преговори, во спротивно ќе продолжат со протестите. ар/са/

 

Остани поврзан