• недела, 22 декември 2024

Продолженија на три седници во Собранието

Продолженија на три седници во Собранието
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се закажани продолженија на три седници - 20., 25. и 29. седница. Единствена точка на дневен ред на 20. седница е Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка. На дневен ред на 25. седница се Предлог-законот за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, поднесен од група пратеници, сите по скратена постапка. На продолжението на 29. седница, пратениците ќе дебатираат за Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законoт за заштита на културното наследство, сите по скратена постапка. Ќе заседава и собраниската Законодавно-правна комисија. мд/бак/

Остани поврзан