• понеделник, 23 декември 2024

Продолжение на 41. собраниска седница

Продолжение на 41. собраниска седница
Скопје, 20 мај 2021 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 41. седница, на чиј дневен ред се предлог одлуки и закони од повеќе области. Пред пратениците на разгледување ќе се најдат Предлог изборот на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, Предлогот за именување на неизвршни членови на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина и на Законот за лековите и медицинските средства, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба , Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, како и измените на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенијан и на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, сите во второ читање. Последни точки од дневниот ред на оваа седница се и интерпелациите за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и за човечки ресурски Љупчо Николовски, поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. дма/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан