• понеделник, 23 декември 2024

Продажбата на вакцини „Џoнсон и Џoнсон“ 100 милиони долари во првиот квартал

Продажбата на вакцини „Џoнсон и Џoнсон“ 100 милиони долари во првиот квартал
Лондон, 20 април 2021 (МИА) - Американската компанија „Џoнсон и Џoнсон“, чија вакцина против Ковид-19 беше стопирана минатата недела заради проверка на извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта, објави денеска дека продажбата на таа вакцина во првиот квартал изнесува 100 милиони долари. Компанијата претходно објави дека нејзината вакцина против коронавирус ќе биде достапна на непрофитна основа до крајот на пандемијата. Овој производител сега очекува заработка за цела година, на прилагодена основа, од 9,42 до 9,57 американски долари по акција во однос на претходната прогноза од 9,40 до 9,60  долари по акција, бидејќи продажбата на лекови против рак придонесе кварталниот профит да се зголеми за речиси 7,0 проценти. Само заработката на фармацевтскиот сектор на компанијата се искачи на 6,20 милијарди долари или 2,32 долари по акција во првите три месеци од тековната година, од 5,80 милијарди долари или 2,17 долари по акција една година порано. Минатата недела американските регулатори  ја прекинаа употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19 за да ги испитаат извештаите за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле. паг/  

Остани поврзан