Проблеми за Анчелоти - уште еден повреден фудбалер од средниот ред на Реал
- Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, има повреда за која ќе треба да се лекува од 6 до 8 недели, објави „Ас“. Станува збор за истегнување на десната нога од трет степен, според медицинскиот тим на „Лос Бланкос“.
Мадрид, 2 септември 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, има повреда за која ќе треба да се лекува од 6 до 8 недели, објави „Ас“. Станува збор за истегнување на десната нога од трет степен, според медицинскиот тим на „Лос Бланкос“.
Себаљос се повреди за време на неделниот натпревар од Ла Лига против Бетис, на кој беше стартер. Шпанецот беше заменет во 65. минута, но кога го напушти теренот, не се чинеше дека има проблеми.
Ова е уште еден повреден играч од средниот ред на Реал по Џуд Белингем и Едуардо Камавинга. Токму отсуството на Англичанецот и Французинот му даде шанса на Себаљос да игра повеќе, бидејќи во основа е солидна резерва.
Поради оваа причина на претходните натпревари стартуваа и Арда Ѓулер, Браим Дијаз и Лука Модриќ. дс
Фото: Принтскрин