• петок, 22 ноември 2024

Пробиштип ќе инвестира во улично осветлување

Пробиштип ќе инвестира во улично осветлување
Штип, 14 април 2022 (МИА) - Високите сметки за електирчна енергија не ја одминаа ниту Општина Пробиштип. Откако во месец ноември минатата година беше прекинат договорот со ЕВН, за декември сметката за струја е за четири и пол пати поголема. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека се работи на проект со кој ќе се постават штедливи светилки и на тој начин ќе се намали потрошувачката на електрична енергија. - Можам да кажам последниот месец од минатата година вклучувајќи го и првиот квартал имаме драстично зголемување на електирчната енергија, како јавното претпријатие така и Општина Пробиштип, односно четири и пол пати е поголема сметката. За сега е во ред состојбата на Буџетот во Општина Пробиштип, но со цел да го решиме овој проблем веќе влегуваме во еден капитален проект со кој ќе се направи промена на 1700 светилки, рече Анастасов. Сметката за електирчна енергија за месец декември 2020 година била 800 илјади денари, во декември 2021 година изнесува 3,7 милиони денари. Поставувањето на штедливите светилки е проект кој се очекува да заврши до крајот на јуни, бидејќи било какви други рестрикции не би го дале посакуваниот резултат. вдј/фф/

Остани поврзан