• вторник, 05 ноември 2024

Пријавен тетовец осомничен за „фалсификување пари“

Пријавен тетовец осомничен за „фалсификување пари“

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) - Полицијата од Тетово, поднела кривична пријава против И.А.(45) од тетовска Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, пријавениот И.А се сомничи дека во септември минатата година, од Б.Е. купил патничко моторно возило „БМВ“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет. ар/скс/

Остани поврзан