• понеделник, 23 декември 2024

Присуството на коронавирусот во отпадните води намалено во Солун и Атина, зголемено во осум грчки градови

Присуството на коронавирусот во отпадните води намалено во Солун и Атина, зголемено во осум грчки градови
Атина, 28 април 2021 (МИА) – Во осум грчки градови, присуството на коронавирусот во отпадните води е зголемено за периодот 19 - 25 април, споредбено со една седмица претходно, а во Александруполи достигнува до 156 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, присуството на коронавирусот во отпадните води, намалено е во Атина (за 33 отсто), во Солун (21 процент) и во Хања на Крит (4 отсто) од 11 градови вклучени во анализата. Во останатите осум зголемувањето се движи од 5 до 156 отсто. ср/

Остани поврзан