• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер во касарната во Петровец

Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер во касарната во Петровец

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана.

Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ.

Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери. свс/нд/

 

Остани поврзан