• петок, 22 ноември 2024

Припадници на Националната гарда, кои учествуваа во сузбивање протести, позитивни на Ковид-19

Припадници на Националната гарда, кои учествуваа во сузбивање протести, позитивни на Ковид-19
Вашингтон, 9 јуни 2020 (МИА) -  Припадници на Националната гарда на округот Колумбија, кои одговорија на протестите за смртта на Џорџ Флојд, се позитивни на новиот коронавирус, потврди портпаролот на Гардата. Околу 1.300 припадници на Националната гарда беа распоредени во округот, откако главниот град на САД беше погоден од насилни протести на 31 мај. Портпаролот на Гардата не откри колку позитивни случаи има единицата. - Можеме да потврдиме дека имавме позитивни тестови на Ковид-19, рече портпаролката, полковник Брук Дејвис. - Безбедноста на нашиот персонал е секогаш важна, особено соочени со ерата на Ковид-19. Националната гарда на Дистриктот Колоумбија беше поддржана од приближно 3.900 дополнителни гардисти од Флорида, Ајдахо, Индијана, Мериленд, Мисури, Мисисипи, Њу Џерси, Охајо, Јужна Каролина, Тенеси и Јута. Речиси сите единици на Националната гарда се очекува да го напуштат градот до утре, но членовите кои се позитивни на новиот коронавирус ќе бидат задржани се додека не оздрават. ссм/

Остани поврзан