Припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во петок ќе почнат да го предаваат оружјето во северен Ирак
- Турската телевизија НТВ претходно објави дека Ибрахим Калин, шефот на турската разузнавачка агенција МИТ, денеска ќе отпатува во Багдад на разговори со ирачките власти за предавање на оружјето.
Анкара, 8 јули 2025 (МИА) - Припадници на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, во петок ќе почнат да го предаваат оружје во групи во градот Сулејманија, во северен Ирак, договорено е како дел од мировниот процес со Турција.
По јавниот апел на лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, испратен во февруари од турскиот затвор каде што ја отслужува казната, курдските бунтовници на ПКК, кои се во крвав конфликт со Турција повеќе од четири децении, во мај одлучија да се самораспуштат и да ја прекинат својата борба, потсетија британските медиуми.
Турската телевизија НТВ претходно објави дека Ибрахим Калин, шефот на турската разузнавачка агенција МИТ, денеска ќе отпатува во Багдад на разговори со ирачките власти за предавање на оружјето.
Откако ПКК го започна бунтот против Турција во 1984 година, првично со цел да создаде независна курдска држава, животот го загубија над 40.000 лица. сд/
фото:МИА архива