• недела, 22 декември 2024

Принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на обука на колумбискиот ветерански тим за „Игрите на непобедливите“

Принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на обука на колумбискиот ветерански тим за „Игрите на непобедливите“

Богота, 19 авгyст 2024 (МИА) - Продолжува патувањето на војводата и војвотката од Сасекс низ Колумбија. На нивниот втор ден во земјата, парот ја посети градинката „Колехио Ла Хиралда“ во Општината Санта Фе во главниот град Богота. При обиколката на детското училиште, тие учествуваа и на час по цртање и помогнаа во засадувањето дрвја во училишниот двор.

За настанот, Меган избра лесна кошула, бермуди и јакна „Лоро пјана“ од 4.000 американски долари. Нејзиниот имиџ беше надополнет и со балетски чевли „Шанел“, но и обетките со мотив на пеперутка, од принцезата Дијана, коишто мајката на принцот Хари ги носела во мај 1986 година, при своето патување во Канада со Чарлс Трети.

Инаку, Хари и Меган разговараа со децата на нивниот мајчин јазик - шпански, а тие пак, изведоа песна и им дадоа подароци на гостите.

Принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа и на час по тапани.

Подоцна дента, Хари и Меган присуствуваа на обуката на колумбискиот тим за „Игрите на непобедливите“ - натпреварување за ранети војници што се одржува во различни земји на иницијатива на принцот Хари. Обуката се одржа во Богота. Таму, војводата од Сасекс ги разгледа собите за рехабилитација и вежбалниците и разговараше со спортистите со попреченост.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан