• вторник, 03 декември 2024

Принцот Хари и Меган Маркл нема да им се придружат на остатокот од кралското семејство за Божиќ

Принцот Хари и Меган Маркл нема да им се придружат на остатокот од кралското семејство за Божиќ

Лондон, 2 декември 2024 (МИА) - Принцот Хари и Меган Маркл нема да им се придружат на другите од кралското семејство за Божиќ оваа година, бидејќи, наводно, не биле поканети на свеченостите.

Како што е соопштено, војводата и војвотката од Сасекс не добиле покана за кралскиот Божиќ во селото Сандрингем во англиската област Норфолк, пренесоа британските медиуми.

Се очекува двојката, со своите деца Арчи и Лилибет, да ги минат празниците во САД.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан