• сабота, 09 ноември 2024

Принцот Филип седум дена е во болница

Принцот Филип седум дена е во болница
Лондон, 23 февруари 2021 (МИА) - Принцот Филип, 99-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета седум дена е хоспитализиран и добро се чувствува, јавија британските медиуми. Војводата од Единбург минатиот вторник беше хоспитализиран во лондонската приватна болница „Крал Едвард Осми“. Кралицата и нејзиниот сопруг примија прва доза од вакцината против Ковид-9, но влошената здравствена состојба не е поврзана со вакцината. Принцот Вилијам вчера изјави дека неговиот дедо е добро и оти ја има целата потрбна нега. Принцот Филип во 2017 година престана да извршува јавни функции, а неговите официјални должности ги презедоа другите членови на кралското семејство. ми/

Остани поврзан