• четврток, 19 декември 2024

Принцот Вилијам ја критикуваше европската Супер лига

Принцот Вилијам ја критикуваше европската Супер лига
  Лондон, 19 април 2021 (МИА) – Претседателот на Англискиот фудбалски сојуз (ФА) принцот Вилијам, го критикуваше денеска формирањето на европската Супер лига, нагласувајќи оти ја дели загриженоста на навивачите поради идејата за ново клупско натпреварување. -Сега, повеќе од кога и да е, мораме да ја заштитиме целата фудбалска заедница, од најниско до највисоко ниво – и вредностите на натпреварувањата и правичноста во својата срж, напиша на Твитер војводата од Кембриџ, кој воедно е и претседател на Фудбалската федерација на Англија -Ја делам загриженоста на навивачите поради предложената Супер лига и штетите кои ризикува да и ги нанесе на играта што ја сакаме, додаде принцот Вилијам. ег.

Остани поврзан