• петок, 22 ноември 2024

Прилепското инфективно одделение доби централен довод на кислород, има персонал, но е голем притисокот за прегледи во дневните амбуланти

Прилепското инфективно одделение доби централен довод на кислород, има персонал, но е голем притисокот за прегледи во дневните амбуланти

Прилеп, 16 ноември 2020 (МИА) - Прилепското инфективно одделенеи го реши проблемот со централен довод на кислород за пациентите со Ковид-19. Таму сега се сместени 31 пациент, од кои 20 на кислородна поддршка.

Според директорот на прилепската градска болница, Драган Богојески, тоа е огромно олеснување за пациентите и за медицинскиот персонал да пружат брза и соодветна нега, но сега притисокот се префрла на дневните амбуланти за преглед, тестирање и давање дневна терапија.

- Проблемот со централниот довод на кислород го решивме и тоа е голема помош и за пациентите и за персоналот. Но притисокот на инфективното останува преку дневните прегледи, тестирања и давање терапија. Има три оддели за преглед и два за давање терапија. Дневно се околу 100 пациенти. Затоа апелирам до граѓаните кои имаат еден позитивен член во семејството, да не идат да се тестираат ако имаат лесни симптоми или без симптоми, туку да ја примаат терапијата што им ја дал матичниот лекар. Доколку се влоши состојбата да дојдат на инфективното и ќе бидат примени и тестирани. Ако се со лесни симптоми цело време, да останат во изолација, според протоколите од 14 до 21 ден. Апел и до матичните да не ги праѓаат пациентите со лесни симптоми за тестирањље за Ковид-19, изјави Богојески.

Тој истакна дека моментално во болницата се хоспитализирани 91 пациент, од кои 31 во инфективното одделение, а по 17-18 пациенти во трите ковид-оддели во болницата: на одделенијата за уво, нос и грло, на очното и на интерното одделение. Богојески информира дека во моментов има и слободни легла и доволно медицински персонал, но и оти многу помагата и специјализантите.

- Сега моментално имаме персонал во сите оддели во оптимален број. Се, разбира дека имаме секогаш потреба. Напоменувам дека немаме искусни сестри во доволна мера, но префрламе од другите одделенија и сега грижата за пациентите е многу подобрена. Во ковид-одделенијата во болницата многу помагаат 15-ината специјализанти и сега е во ред. Во моментов има слободни 13 легла и уште 10 деновиве зашто пациенти ја завршуваат хоспитализацијата и лекувањето, вели Богојески.

Во Прилеп моментално се околу 900 активни случаи  со Ковид-19.ем/фф/

Остани поврзан