• сабота, 23 ноември 2024

Прилепскиот музеј покренува проект за прилепчанецот Окјар, близок соработник на Ататурк и голем турски државник

Прилепскиот музеј покренува проект за прилепчанецот Окјар, близок соработник на Ататурк и голем турски државник

Прилеп, 4 мај 2023 (МИА) - Прилепскиот завод и музеј почнува обемен проект за оддавање почит на прилепчанецот Али Фети Окјар, кој станал истакнат државник на Република Турција и близок соработник на таткото на модерна Турција, Кемал Атататурк. Ова беше нагласено на денешната прес-конференција во Музејот, каде го најавија почетокот на проектот в понеделник со истакнати гости и блиски на големиот турски државник, роден прилепчанец. Музејот покренува иницијатива соодветно Окјар во Прилеп да добие спомен-соба или да биде именувана улица со неговото име.

Проектот е по повод 80 години од смртта на Али Фети Окјар, 85 години од смртта на Ататурк и 100 години од создавањето на Република Турција.

-Го најавуваме проектот, кој опфаќа истражување и изложба за прилепчанецот Али Фети Окјар. Роден во Прилеп и еден од првите, најблиски соработници на таткото на современа Турција, Кемал Ататурк. Цел живот се поддржуваат и низ сите активности и должности што ги извршуваат се и двајцата најважни личности, можеби, за создавањето на турската република, изјави Рубин Белчески, исторчар од Заводот и Музеј и носител на проектот.

Бил двапати премиер на Република Турција, петпати пратеник, но и претседател на турското Собрание, министер за внатрешни работи и за правда, амбасадор на Турција во Бугарија, Франција и во Велика Британија. Едноставно - близот соработник на таткото на современа Турција - Мустафа Кемал Ататаурк. Заедно ги биеле битките за создавањето на новата, современа држава. Окјар се родил во Прилеп во 1880 година. Со Кемал Ататаурк заедно учел во битолската Воена гимназија, а потоа и на Воената академија во Истанбул. Во родниот Прилеп за Окијар малку се знае, а нема траги во прилепскиот архив.

-Со самата изработка на проектот, имаме предвид дека може да покренеме иницијатива, во соработка со локалната самоуправа да отвориме спомен-соба на Окјар, како што има за Ататурк во Битола. Дали ќе биде или име на улица, ќе одлучуваме. И со поддршка на други институции да потсетиме за значењето на Али Фети Окјар за соработката и унапредување на и онака добрите односи со Република Турција. Тоа многу ќе значи за стопанската, културната соработка и за туризмот, воопшто. Проектот официјално почнува в понеделник. Инаку на 7 мај се навршуваат 80 години од смртта на Окјар. В понеделник од 18 часот во прилепската Градска библиотека „Борка Талески“ меѓу другите ќе бидат и амбасадорот на Турција во Македонија, конзулот, неговиот внук од син Али Фети Окјар, кој ќе пристигне од Истанбул. Ќе има и фото презентација на Окјар, изјави Белчески. 

Академик Луан Старова во својата книга „Потрага по Елен Лајбовиц“ потврдува дека Фети Окјар е вујко на татко му по мајчина линија.

Историчарот Белчески смета дека Прилеп треба да му оддаде почит на својот славен жител. ем/мд/

фото: МИА

Остани поврзан