• понеделник, 23 декември 2024

Прием во Јапонската амбасада за Сенсеи Окума и Недеви

Прием во Јапонската амбасада за Сенсеи Окума и Недеви

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Јапонскиот амбасадор во земјава Казуја Оцука денеска приреди прием во Јапонската амбасада за Коичиро Окума, Дејан Недев, Венцислав Недев и Аљоша Недев. 

Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), Дејан Недев од име на сите се заблагодари за приемот и за подршката на Јапонската амбасада која со години ја има МТКФ.

Дејан Недев на амбасадорот Оцука му подарил монографија „50 години карате во Македонија“, а Сенсеи Окума му доделил диплома за поддршка во организација на карате семинарот во Скопје.

Амбасадорот Оцука, како што се наведува во соопштението, вети дека во иднина Јапонската амбасада ќе ги поддржи сите активности на МТКФ и даде предлог во иднина да се организира амбасадор карате куп во традиционално карате. мд/ац/

Фото: МТКФ 

Остани поврзан