Приведен 69-годишник од Свети Николе, пукал кон деца кои береле цреши од неговиот двор
- Лицето со иницијали В.И. било лишено од слобода вчера во 14 часот, откако претходно од тераса на својата куќа на улицата „Питу Гули“, пукал од воздушна пушка кон неколку деца, кои береле цреши од цреша во неговиот двор.

Скопје, 17 мај 2025 (МИА) - Шеесет и деветгодишник од Свети Николе бил лишен од слобода поради тоа што пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши од неговиот двор, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето со иницијали В.И. било лишено од слобода вчера во 14 часот, откако претходно од тераса на својата куќа на улицата „Питу Гули“, пукал од воздушна пушка кон неколку деца, кои береле цреши од цреша во неговиот двор.
- По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик - „предизвикување општа опасност“, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи. бд/вј/
Фото: МИА архива