• среда, 17 јули 2024

Приведен 68-годишник по претрес во струшко, пронајдени пушка и куршуми

Приведен 68-годишник по претрес во струшко, пронајдени пушка и куршуми

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера го лишиле од слобода С.Н., на возраст од 68 години, од село Ташмаруништа. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршум од различен калибар и една воздушна пушка, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан