• петок, 22 ноември 2024

Приведен 50-годишен тетовец со над 1100 парчиња пиротехника

Приведен 50-годишен тетовец со над 1100 парчиња пиротехника

Тетово, 25 декември 2020 (МИА) - Тетовската полиција привела 50-годишно лице кај кого се најдени 1100 парчиња пиротехника во рамки на засилените контроли за сузбивање на ваквата продажба. Најголем дел од пиротехничките материјали биле петарди.

-На улица 146 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле З. К. (50) од Тетово, кај кого биле пронајдени и одземени 1116 парчиња разновидни пиротехнички средства, претежно петарди. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по Законот за заштита од експлозивни материи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Пред два дена беа запленети над 2000 пиротехнички средства во Тетово, а приведени две лица. Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви материјали. ас/дма/

Остани поврзан