Приведен 27-годишен кавадарчанец за напад врз баба си
- Дваесет и седумгодишен кавадарчанец бил приведен за физички напад врз неговата баба, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 24 мај 2025 (МИА) - Дваесет и седумгодишен кавадарчанец бил приведен за физички напад врз неговата баба, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 23:20 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода П.К., постапувајќи по пријава, дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 78-годишна баба, појаснуваат од СВР - Велес.
Лицето било спроведено во здравствена установа. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, како што посочуваат од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/бд/
Фото: МИА архива