• петок, 22 ноември 2024

Приведен штипјанец осуден на затворска казна од 15 години и 4 месеци

Приведен штипјанец осуден на затворска казна од 15 години и 4 месеци

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, а во содејство со полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ч.Р.(25) од Штип.

Како што информираат од МВР, тој е осуден на казна затвор во времетраење од 15 години и 4 месеци, за сторени кривични дела по член 383 и 144 од Кривичниот законик, а се барал со наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде има за доиздржување уште 5 години и 8 месеци.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на казната. бт/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан