• петок, 05 декември 2025

Приведен скопјанец осомничен дека во повеќе наврати се самозадоволувал пред женски лица, определен му е притвор

Приведен скопјанец осомничен дека во повеќе наврати се самозадоволувал пред женски лица, определен му е притвор

Скопје, 1 март 2023 (МИА) - По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје на 27 февруари годинава го лишиле од слобода С.А.(30) село Пагаруша, општина Студеничани, кој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“, односно дека во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициска станица и во присуство на јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените.

Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор. сст/дма/

 
 

Остани поврзан