• петок, 22 ноември 2024

Приведен разбојник од Гевгелија

Приведен разбојник од Гевгелија
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(34) од Гевгелија, осомничен дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот на 29.12.2021 околу 19.00 часот, со закана одзел пари од дневниот промет во продавница во гевгелиското село Негорци. По преземени мерки од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. - При претрес во просториите кои ги користел, извршен со судска наредба на 31.01.2022, исто така, биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.Л.Ќ. бил лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, соопштија денеска од МВР. цр/лв/

Остани поврзан