• недела, 22 декември 2024

Приведен осуденик за доиздржување затворска казна

Приведен осуденик за доиздржување затворска казна

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Струмичката полиција ноќеска околу 1 часот по полноќ во село Ангелци, Струмичко, го лишила од слобода Д.П.(21) од село Ангелци, баран за доиздржување затворска казна.

-Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено поправна установа – Затвор Струмица за доиздржување на две години и пет месеци од казната, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. сст/мд/

фото: МИА архива

Остани поврзан