• вторник, 05 ноември 2024

Приведен осомничен крадец во радовишко

Приведен осомничен крадец во радовишко

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш вчера околу 8:30 часот го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци, општина Конче, кој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци, при што одзел пари.

Како што информираат денеска од МВР, кај него биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а исто така, признал дека и на 23 август извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по нивно целосно документирање против И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/мч/

 

 

Остани поврзан