• понеделник, 23 декември 2024

Приведен насилник по распишана централна потерница

Приведен насилник по распишана централна потерница
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје вчера во 11:20 часот на улица „Христо Татарчев“ во населбата Кисела Вода во Скопје го лишиле од слобода С.С. (23) од скопското село Кондово. За него, информираа од МВР, била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за издржување на мерката притвор. цр/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан