• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен кумановец за „лихварство“ и „изнуда“

Приведен кумановец за „лихварство“ и „изнуда“

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово синоќа го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

Како што информира денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за  подарок, уплатници и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.

М.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан