• понеделник, 23 декември 2024

Приведен криумчар, превезувал 11 мигранти од Сирија

Приведен криумчар, превезувал 11 мигранти од Сирија
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Пред тунел Јаворица, на автопатот А1 во правец Гевгелија-Демир Капија, денеска во 10.15 часот полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ, Полициска станица Богородица, го лишиле од слобода П.Ч.(22) од Скопје. При контрола на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово. - Лицата мигранти се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка. За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против П.Ч. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР. цр/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан