Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица
- Осум мигранти се најдени во патничко возило со косовски таблички во близина на селото Богородица. Во возилото, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, најдени се седум мигранти од Сирија и едно лице од Египет. Возилото било управувано од 36-годишен државјанин на Косово. Заедно со ова возило се движело и друго возило кое не застанало, а во него имало уште осум мигранти.
Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - Осум мигранти се најдени во патничко возило со косовски таблички во близина на селото Богородица. Во возилото, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, најдени се седум мигранти од Сирија и едно лице од Египет. Возилото било управувано од 36-годишен државјанин на Косово.
Заедно со ова возило се движело и друго возило кое не застанало, а во него имало уште осум мигранти.
- Денеска (26.10.2024) во 01.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на с. Богородица сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, управувано од З.М.(36) од Косово. При тоа, во возилото пронајдени се осум лица илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет. Заедно со возилото „сеат алтеа“ се движело и патничко возило „ауди“ без регистарски таблици, кое не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот, а по кратко време од него излегле осум лица илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство, стои во информацијата од МВР.
З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/
Фото: МИА архива