• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 11.20 часот од ул.„Бетовенова“ во Скопје го лишиле од слобода Д.М. (41) од Скопје, соопштија од МВР.

Тој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од седум години и осум месеци за повеќе сторени кривични дела по чл.236 ст.1 (тешка кражба) од КЗ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан