• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 16.30 часот го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, соопштија денеска од МВР.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан