• среда, 06 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од две години  

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од две години  

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Во Скопје денеска во 12.35 часот на ул.„Радишанска“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(46) од скопското село Радишани.

Од МВР информираа дека тој бил баран по Централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

- Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, информираа од МВР. цр/аа/

Фото:МИА

Остани поврзан