• вторник, 05 ноември 2024

Приведен крадец, расчистени четири кривични дела, одредена мерка притвор

Приведен крадец, расчистени четири кривични дела, одредена мерка притвор

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар, вчера го лишиле од слобода Б.Х.(20) од Скопје, осомничен дека е сторител на четири кривични дела тешки кражби во угостителски објекти на подрачјето на Центар и во неколку продажни објекти на подрачјето на Чаир.

Како што денеска соопштија од МВР, по претходно добиени пријави за сторените тешки кражби, од кои две во април, а две во јуни годинава, полициските службеници Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар преземале низа оперативни мерки и активности на местата на кои кривичните дела се извршени, меѓу кои и прегледи на видео надзор и анализи на подигнатите траги, а по доставеното вештачење е утврдено дека Б.Х. е осомничен дека ги извршил четирите кривични дела.

- Тој е предаден во Полициска станица Бит Пазар, а во консултација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за постоење на основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Лицето денеска (24.07.2024) е изведено пред Судија на претходна постапка, кој одредил мерка притвор, се наведува во соопштението од МВР. цр/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан