• среда, 10 јули 2024

Приведен крадец од неготинско

Приведен крадец од неготинско
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Полицијата ноќеска околу полноќ во село Пепелиште, неготинско, го лишила од слобода С.В. (46) од истото село, кој се сомничи дека со остар предмет скршил стакло од продажен објект во селото, сопственост на Р.З.(65) и се обидел да изврши „тешка кражба“. Како што информираат од МВР, остриот предмет бил пронајден и одземен, а С.В. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Остани поврзан