Приведен крадец во Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственикот
- Крадец од Скопје на возраст од 31 година, денеска во 11 часот е приведен кратко време откако било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје украл паричник од Д.Т.
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Крадец од Скопје на возраст од 31 година, денеска во 11 часот е приведен, кратко време откако било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје украл паричник од Д.Т.
Од МВР соопштија дека парите се пронајдени и ќе и бидат вратени на оштетената, а против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава. бк/бак/