• среда, 03 јули 2024

Приведен крадец во Скопје за издржување затворска казна

Приведен крадец во Скопје за издржување затворска казна
Скопје, 5 мај 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10:30 часот на улица „Бутелска“ во Скопје, го лишиле од слобода Ф. Д. (22) од Скопје, баран со потерница за издржување затворска казна. - Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од Министерството за внатрешни работи. аа/лв/

Остани поврзан