• недела, 22 декември 2024

Приведен крадец во Прилеп

Приведен крадец во Прилеп

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) -  Полицијата денеска лишила од слобода прилепчанец осомничен за кражба.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денеска во 14.20 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на кражба.

-Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот.

С.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан