• сабота, 23 ноември 2024

Приведен крадец во Охрид

Приведен крадец во Охрид

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода С.Р.(19) од Охрид, ученик во средно училиште во Охрид.

Како што соопшти МВР, С.Р. се сомничи дека од ученичка во училиштето одзел пари. Парите биле пронајдени кај него и биле вратени на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/aa/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан