• сабота, 23 ноември 2024

Приведен крадец баран со централна потерница 

Приведен крадец баран со централна потерница 
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 10:20 часот на ул.„Тодор Чангов“ во населба Лисиче, Скопје, го лишиле од слобода скопјнецот Н.Н.(27).Како што соопшти МВР, тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната. дма/са/

Остани поврзан