• понеделник, 23 декември 2024

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - На Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници вчера попладнето го лишиле од слобода Б.П.(42) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

Како што информираат денеска од МВР, при пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, тој со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез.

Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.  К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. сст/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан