• понеделник, 23 декември 2024

Приведен жител на скопски Грчец баран со потерница

Приведен жител на скопски Грчец баран со потерница

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишија од слобода С.Е. (23) од скопското село Грчец.

Како што соопшти МВР, С.Е. бил баран со потерница по наредба на КПУ Затвор Скопје, а бил осуден на казна затвор во траење од три години.

С.Е. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа. мд/цр

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан