Приведен жител на неготинско село, пријавен дека се заканувал на брат му и неговото семејство и ги нападнал со моторна пила
- Жител на неготинско село бил лишен од слобода, откако било пријавено дека им се заканувал на брат му и неговото семејство и ги нападнал со моторна пила.
Неготино, 25 август 2025 (МИА) - Жител на неготинско село бил лишен од слобода, откако било пријавено дека им се заканувал на брат му и неговото семејство и ги нападнал со моторна пила.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес денеска информираа дека вчера во 18:40 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода Н.А., на возраст од 49 години.
- Постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејниот дом на неговиот брат во истото село, му се заканувал нему и на неговото семејство, а се обидел и да ги нападне со моторна пила, но, го спречиле и му ја одзеле пилата. Според пријавеното, Н.А. во еден момент паднал и се повредил, по што бил пренесен во Општа болница - Кавадарци, каде му биле констатирани телесни повреди, појаснија од СВР - Велес.
Пилата била одземена, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што потенцираа од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/вј/
Фото: МИА архива