• среда, 03 јули 2024

Приведен дилер од Тетовско, пронајден кокаин

Приведен дилер од Тетовско, пронајден кокаин
Скопје, 7 јули 2021 (МИА) - Во тетовско Доброште доцна синоќа полицијата привела едно лице кај кого се пронајдени 13 паковки кокаин. - Околу 23:00 часот, во тетовско Доброште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(32) од ова село, кај кого биле пронајдени 13 паковки кокаин.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за  документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР. цр/дма/

Остани поврзан