• четврток, 18 јули 2024

Приведен дилер од Кичево, при претрес пронајдена дрога 

Приведен дилер од Кичево, при претрес пронајдена дрога 
Скопје, 4 февруари 2022 (МИА) - На влезот на кичевското село Колибари, синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.Ј.(26) од Кичево, затоа што при преглед во возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, соопштија денеска од МВР, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Покрај ова, Л.Ј. физички нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/дма/

Остани поврзан