• среда, 24 јули 2024

Приведен дилер на дрога во Скопје

Приведен дилер на дрога во Скопје
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 11.30 часот  го лишиле од слобода Д.У.(42) од Скопје. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. -Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР. хс/дма/

Остани поврзан